Министерот за внатрешни работи Наке Чулев излезе со реакција за двата случи на изборен поткуп кои полицијата ги откри. Министерот апелира до полициските службеници да ги преземаат сите мерки кога се работи за вакви случаи.

 Апелирам до полициските службеници да преземат соодветни мерки и активности секаде каде што има индиции дека се постапува спротивно на законот, без разлика дали станува збор за изборен поткуп, притисок, уцена за гласање или друг тип на кршење на избирачкото право на граѓаните-вели министерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.