Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев го посети Полициското одделение Шуто Оризари и проговори со вработените говореше  за тоа дека главен фокус во работењето на Министерството за внатрешни работи во овој период е обезбедување услови за организирање на фер, демократски и мирни избори.

На средбата Министерот се запознал со актуелната безбедносна состојба во општината и последните статистички податоци поврзани со криминалитетот на локално ниво и потенцирал дека полицијата е служба на граѓаните и дека полициските службеници мора да работат во интерес на граѓаните и имаат обврска да го гарантираат мирот и безбедноста на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.