Назначувањето на Ристо Ставревски за началник на СВР Скопје е во согласност со потребните критериуми, изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев откако заменик министерката во МВР, Славјанка Петровска не ја потпиша одлуката за негово назначување на Ристо Ставревски за шеф на Секторот за внатрешни работи во Скопје, бидејќи за Ставревски имало аудио снимки од кои можело да се чуе дека тој врши притисоци врз гласачи.

Лицето има потребен степен на образование, работно искуство и важечки сертификат за класифицирани информации. Тоа што бил дел од нечиј кабинет не е услов или пречка за распоредување. Ја потсетуваме дополнителната заменичка дека токму нејзината секретарка била член на истиот кабинет во кој бил Ристо Ставревски, вели Чулев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.