Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, денешниот празник Богојавление Водици, го прослави во Тетово. На Фејсбук тој напиша:

Денес бев во Тетово, на еден од најголемите празници кој го слават православните христијани и заедно со нив присуствував на фрлањето на осветениот крст.

На Водици кога се осветуваат водите, посакувам најискрено во срцата на сите верници да се вселат мирот, хармонијата, љубовта и милосрдието.

Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!

Бог се јави, навистина се јави – напиша Чулев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.