Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на својот фејсбук профил реагираше на објавеното видео на кое полициски службеник применува физичка сила.

Во однос на видеото објавено на социјалните мрежи, а на кое се гледа како полициски службеник применува физичка сила, сакам да ја информирам јавноста дека веќе разговарав со надлежните во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди кои согласно законските прописи, веднаш ќе постапат за да го истражат случајот и да утврдат евентуален виновник.

Како Министер за внатрешни работи нема да дозволам злоупотреба на полициските овластувања, особено врз малолетни лица.

Јавноста навремено ќе биде известена за исходот од спроведената внатрешна истрага, напиша Чулев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.