Министерот за внатрешни работи денеска оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.

Денеска остварив работна средба со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.

На средбата го запознав амбасадорот Баздникин со приоритетите на Министерството за внатрешни работи во техничката влада, односно со заложбите за организирање фер и демократски избори, борбата против организираниот криминал и корупција и одржување на стабилна безбедносна состојба.

Заеднички ги потврдивме заложбите за понатамошно унапредување на билатералната соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи, како и помеѓу двете пријателски земји, напиша Чулев на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.