Имајќи ги предвид официјалните статистички податоци во делот на тоа колку граѓани не се придржувале на забраната за движење во периодот од 22 март заклучно до денес, би истакнал дека генерално на ниво на цело држава се почитува мерката за ограничување на движењето на граѓаните – напиша на Фејсбук, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

❗ Во таа насока во посочениот период вкупно 301 граѓанин ја прекршиле мерката за ограничување на движењето, од кои вкупно 107 на подрачјето на Скопје, потоа Струмица 51 лице и Битола 41 лице. Во изминатите 4 дена, приведени се вкупно 138 лица, а меѓу нив 3 лица се деца на возраст до 18 години, опоменати се вкупно 100 лица, од кои 3 се деца до 18 години, а 5 над 67 години, а за останатите лица земени се податоци и Министерството за внатрешни работи презема дополнителни мерки. Конкретно, во оваа насока сакам да потенцирам дека до сега поднесени се вкупно 60 кривични пријави и 8 известувања до ОЈО за вкупно 76 лица кои не ја почитувале мерката на владата за ограничување на движењето, од нив 34 кривични пријави и 8 известувања се поднесени во последните 24 часа.

❗ Во последните 24 часа, издадени се вкупно 368 решенија за изолација и 82 изјави за самоизолација. Бројката на лица кои се со решенија за изолација е 1512, а со изјави за самоизолација се 8902 лица. Во изминатите 24 часа направени се 666 контроли на лицата со решенија за изолација и 3882 контроли на лица со изјави за самоизолација, при што е констатирано дека едно лице не ја почитува изјавата за самоизолација и против истото ќе биде изготвен соодветен поднесок до ОЈО. До сега вкупно направени се 24340 контроли на лица со изјави за самоизолација и 3947 контроли на лица со решенија за самоизолација.

🛎️ Овие бројки се показател за ефикасност на постојана активност на полициските службеници и нивната деноноќна ангажираност на терен, а фактот што во последните 24 часа само 1 лице не ја почитувало мерката за самоизолација говори за тоа дека нивото на свесност на граѓаните за опасноста која не демне е се поголема.

🗣️ Апелирам до граѓаните и понатаму да се придружуваат и да ги почитуваат одлуките и мерките на владата, затоа што тоа е единствениот начин на кој ќе си помогнат себе си, а со тоа ќе помогнат на полициските службеници во изршување на своите задачи и активности.

Сплотеноста и единството на сите нас се единствениот механизам за успешна борба против овој невидлив непријател – напиша на Фејсбук, Наќе Чулев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.