Досегашниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денеска официјално му ја предаде должноста министер за внатрешни работи на Агим Нухиу, кој беше негов заменик во МВР.

(фото: МВР)

По денешното примопредавање на должноста, согласно со постојните законски одредби, Нухиу ќе раководи со Министерството до изборот на нова Влада, односно до изборот на нов министер за внатрешни работи, соопшти МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.