Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев синоќа во своето гостување во телевизија Алфа потенцираше дека ќе побара од ЈО да бидат преземени мерки за да се спречи бегство на Ден Дончев надвор од државата бидејќи против него се води предмет во јавноста попознат како Рекет 2.

Поучен од искуството на мојот претходник кога сведоци бевме сведоци на бегството на одредени лица. Јас сум многу внимателен и ќе побарам од страна на ЈО за да се спречи евентуално бегство на Ден Дончев надвор од територијата на Република Македониј – рече Чулев.

Тој истакна дека од него не треба да се плашат граѓаните, но тоа не важи за корумпираните политичари и припадниците на организираните криминални групи бидејќи против нив ќе води безкомпромисна битка.

Оние кои треба да се плашат и да бидат немерни се корумпираните политичари и припадниците на организираните криминални структури против кој ќе водам безкомпромисна борба и огромна решителност ќе биде манифестирани од моја страна во нивно кривично правно процесуирање – додава Чулев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.