Минитерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека ќе побара од Владата да се стави во функција единицата за беспилотни летала со цел да се вршат контроли на евентуалните прекршувања на полицискиот час.

Ќе побарам да се стави во функција единицата за беспилотни летала. Беспилотните летала кои ги имаме во со високи технички можности, можат да ја скенираат целата сосотојба и да ги регистрираат сите прекршоци на полицискиот час. Можат да ја видат и регистрацијата на возилата. Леталата се во функционална состојба, тука се и операторите, се што е треба е единицата да се стави во функција, вели Чулев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.