Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев истакна дека утрово имало седница на главниот Координативен кризен штаб каде што биле дискутирани предлозите на Комисијата за заразни болести, а во текот на денот се очекувала седница на влада на која што треба да се донесе конечна одлука во однос на мерките за продолжениот викенд.

Мојот став е дека секое продолжување на ограничување на движењето на луѓето, вклучително и овој пат кога е во траење од 58 часа не е добро од причина што граѓаните се под интензивен притисок бидејќи овие мерки траат повеќе од два и пол месеци и секое продолжување на движењето не е добро за нивното психофизичко и ментално здравје – изјави министерот Чулев во вклучување во дневникот на телевизија Сител.

Чулев истакна дека е против воведување на 58 полициски час, укажувајќи дека мора да има одреден период од деновите каде што граѓаните ќе можат да ги извршат своите приватни обврски.

Јас го кажав мојот став на главниот координативен кризен штаб, а тоа е дека мора да има одреден период од денот каде што граѓаните ќе можат да се релаксираат и да ги извршат сите оние приватни обврски кои што ги имаат. Значи да нема ограничување во текот на денот од 58 часа во деновите недела и понеделник – додаде министерот Чулев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.