Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка партија доаѓаат. Да се стави акцент пред се на изработка на оперативни планови за спречување на поткуп, закани и уцени кон гласачите, при нивното остварување на уставно загарантирано право на гласање, нагласи министерот за внатрешни работи Наќе Чулев при денешната работна посета на СВР Велес и ОВР Кавадарци.

Тој во изјава за новинарите рече дека од страна на колегите бил информиран дека има тенденција на намалување на класичниот криминалитет, што е за пофалба.

-Главна тема на дискусијата беше организирање на мирни, безбедни, фер и демократски избори. Беа дискутирани плановите за организирање на изборите. Бев информиран дека се преземаат сите оперативни активности и ќе бидат покриени сите избирачки места со доволен број на полицајци. Побарани се исто така дополнително полициски службеници од Министерството, заради недоволен број на ова подрачје. Ние како Министерство ќе им излеземе во пресрет, рече Чулев

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.