Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска порача дека и во иднина ќе се заложува и ќе застануваа во заштита на правата на жените во полицијата, откако денеска беше суспендиран командирот од Гази Баба, кој сексуално вознемирувал и им се заканувал на полициски службенички.

Од позиција на министер за внатрешни работи Ве уверувам дека лично и во иднина ќе се заложувам и ќе застанувам во заштита на правата на жените во полицијата доколку истите бидат изложени на вербално или друг вид насилство, деградирани или доколку врз нив се врши било каков вид на мобинг на работното место, сторителите најстрого да бидат санкционирани, порача министерот Чулев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.