И други министри биле против препораката на Комисијата за заразни болести за неколкудневен карантин изминатиот викенд, откри министерот за внратрешни работи Наќе Чулев во емисијата „10 минути“ на ТВ21.

Тој, сепак, не откри за кои министри станува збор, односно кои биле тие кои сметале дека треба да има поблаг полициски час во изминатиот викенд во кој ограничувањето почна од недела од 14 часот до вторник до 05 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.