Незавизниот синдикат на полицијата денеска на прес-конференција побара појаснување од Владата или Министерството за внатрешни работи во врска со мерката која е воведена со настанатата ситуација со коронавирусот каде се предвидува вработените, меѓу кои и во државната управа, кои имаа малолетни лица до 10-годишна возраст, еден родител да биде ослободен од работа и работни активности, дали и како ќе се регулира во МВР ако двајцата се вработени во полицијата.

Претседателот на Синдикатот Гоце Делчев рече дека добил многу прашања од вработени во МВР, а имаат дете кое е под 10 години и оди во градинка како можат да си го исполнат правото кое се предвидува со мерката на Владата.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на прес-конференција во МВР, прашан за овој проблем рече дека денеска е пратена телеграма до сите органи за почитување на одлуката на Владата за ослободување на родители и тоа, ако се работи за самохрани, како и ако двајцата родители се вработени во МВР, Одбрана, АРМ и Царина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.