297 македонски граѓани во вторник треба да пристигнат во Mакедонија од Северна Италија, најпогодениот регион во оваа земја од корона вирусот.

Ова за „Алфа“ го потврди министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Овие лица ќе бидат префрлени во карантин каде ќе останат три недели.

Освен од Италија ќе пристигнат наши граѓани и од Арапски Емирати. Министерот Чулев апелира да се почитуваат мерките во полицискиот час.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.