Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски истакна дека секој нов ден во Македонија носи нова епизода од циркузот co пазарењето со правдата што го приредуваат СДСМ на јавноста.

Како што порача Стоилковски, јавноста се смее на обидите на СДСМ да се дообјаснат за договорот што го имаа Зоран и Вице Заеви со Сашо Мијалков за бегство и изигрување на правдата.

Префрлањето на топката и циркусот за јавност меѓу суд, обвинителство и полиција, што организирано се случуваше по информацијата за бегството на Сашо Мијалков, вклучително и сегашните лаги и за првиот и за вториот договор меѓу нив, не е одлика на систем што се бори за правда. Напротив, тоа е систем за замајување на јавноста! Па, има ли некој во СДСМ со чувство за одговорност и морален интегритет или сите ќе продолжат да тонат во лагите? Не се недоветни, ниту изненадени, точно знаат што се случува! Три години името на Сашо Милајков ниту во партиско соопштение не го ставаа, а сега заедно глумат пред јавноста којашто им се смее.

 

По пропаста на првичниот договор за бегство, поради реакцијата на јавноста и надворешните фактори, почна второ пазарење, кое резултираше со трагикомични изјави, препотувања, потерници, па извинувања, па високи температури, па координации. На крајот јавноста виде како еден избеган од правдата заврши со екстра третман од власта. Театар на апсурдот, во којшто се уште глумат – изјави Стоилковски..

Тој порача дека Зоран Заев и Сашо Мијалков може да глумат колку сакаат, но народот ја видел на дело нивната спрега и коалиција што трае со години.

Ова не е демократска власт, ова не е владеење на правото. Човек за неносење маска ви почина во полициска станица, а Сашо Мијалков наводно им се „изгубил, па им се појавил пред очи“, ама резултирал притисокот? Во тоа ли сакате да веруваме?

 

Зоран Заев покажа дека е врвот на мафијашката пирамида. СДСМ и Заев се тие кои сега бегаат и се плашат од правдата, бидејќи правдата ја користеа за поткусурување и пазарење. Наместо правна држава инсталираа мафијашки систем. Наместо владеење на правото инсталираа владеење на пазарлук.

 

Штетите од тоа се гледаат од вселената. За кратко време Заев и оваа негова политичко-мафијашко-правосудна спрега за се ќе мора да одговараат – истакна Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.