Висок функционер на ДУИ во извршната власт потпишал неколку документи поврзани со аферата на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, велат самите извори на партијата ДУИ, инсистирајќи на тоа да останат анонимни, пренесуваат медиумите на албански во земјава.

Боки 13 повеќе од еден месец се наоѓа во притвор во Шутка како главен осомничен за аферата „Рекет“, а името на функционерот на ДУИ веќе започна да кружи на социјалните мрежи, велат партиските извори.

Според коментарите, станува збор за тетовски функционер блиску до крилото на градоначалничката Теута Арифи, доколку во меѓувреме не се раздвоиле меѓу себе, истакнуваат истите партиски извори.

Тие додаваат дека во партијата започнала да се појавува паника токму поради овој случај и паралелно започнала со подготовките да се дистанцира од засегнатиот функционер за да го претстави како “непартиски функционер а не функционер на ДУИ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.