Ѓорѓи Галетановски Чомбе, директор на Скопската ЗОО градина и главен теренски активист за Скопје на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, и испрати Бајадера и рози, како и писмо со „срциња“ на противкандидатката Гордана Силјановска Давкова.

Ваквиот гест на популарниот Чомбе следува откако Силјановска претходно тврдеше дека добила навреди од него дека „е за во Бардовци“, а и денеска кога професорката беше во изборниот штаб на Пендаровски напиша дека тој не бил таму за да ја пречека.

„Почитувана професорке г.с. јас сум на работа секој денод 08 до 16 часот. Ова е мало внимание од нас за вас. Ве покануваме во недела во 21 часот заедно да ја прославиме победата на Стево Пендаровски. Ѓорѓи Галетановски-Чомбе“, гласи во пораката што директорот на скопската ЗОО ја испрати до Силјановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.