Претседателот на здружението „Охридски еснаф“ и од скоро член на Извршниот одбор на СДСМ Охрид, Михаил Мишев, се изјасни против предложените мерки од владата на СДСМ, за заштита од Ковид-19 коишто треба да почнат од 16 август.

Мишев, во телефонска изјава за „Охрид 24“ вели дека ним како угостители им е нејасно зошто вака и на овој начин се спроведуваат мерките без претходно подготвување.

Една недела ни е дадена само за да реагираме, а не знаеме ни што да направиме, ни како да реагираме. Баравме од надлежните дообјаснување на мерките. Единствено што се информиравме беше од порталите. Тој новиот момент со редарската служба никому не му е јасен, како ќе биде, а и делот од персоналот што не е вакциниран. Од тие причини бараме што поскоро средба со некои надлежни, при што сите отворени прашања ќе ги анализираме и разјасниме. Има и други области кои што се потенцијални жаришта, меѓутоа ние страдаме како угостители. Не можеме сега да кажеме уште ништо, ако има некои измени, поправки, прилагодувања во ред, меѓутоа навистина е краток рокот – вели Мишев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.