Во принцип избегнувам да пишувам статуси поготово затоа што воопшто немам потреба некому да се правдам за ништо, но доста ми е да ме напаѓате дека сум вмровка само поради тоа што не ја поддржувам моменталната власт, за сите кои што не знаевте слободно можете да видите дека јас сум член на СДСМ уште од 5.10.2001 но како да поддржам вакво владеење??, напиша на својот фејсбук профил Билјана Стоилковска, член на СДСМ, која револтирана од политиките на партијата ја искина својата членска книшка.

Кога нешто е за пофалба секогаш сум поддржала, но кога е нешто за критика секако сум критикувала без разлика за која политичка партија се работи… со оглед на то што во изминатите 5 години се случија многу лоши работи, ниту пак видов некаков напредок во нив, напротив не уназадија за 100 години јас не сакам повеќе да бидам члена на таква Партија ниту пак да ме поврзуваат со таа криминална банда. Овие парчиња сега одат во оган… и да јавно кажувам дека сега на 17 ќе гласам за ВМРО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.