По назначувањето на судијката Добрила Кацарска за претседател на Уставниот суд, а Цветанка Иванова за уставен судија, Заев од судот прави форум на пензионери на СДСМ, смета опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Нема поголем акт на партизација на државата од тоа на Уставен суд, кој е столб во една држава, заштитник и чувар на Уставот да сакаш да поставиш поранешна пратеничка, партиски функционер и актуелен генерален секретар на собранието од редовите на СДСМ, како Цветанка Иванова за Уставен судија, велат од партијата и прашуваат каков легитимитет има Иванова, која е висок партиски функционер повеќе од една деценија?

Иванова не само што делеше функции со Заеви, таа делеше и тендери. Зоран Иванов, син на Цветанка, кој е сопственик на фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица, е и бизнис партнер на Трајче Заев во фирмата „ОМНИ ГРАДБА“ ДОО Струмица која се занимава со градежништво. Фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица, доби тендер во висина од 300.000 евра од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта за Извршување на патни работи во зимски услови, и тоа за територија на подрачјето на Штип за сезоната 2019-2020 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.