Чибишев: Вакцината е средство кое што може да ја стави под контрола пандемијата кое за жал во Македонија се уште го нема поради неспособноста на власта

Од самиот почеток на пандемијата власта потфрли со неефикасните мерки, смета доктор Андон Чибишев од комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Власта не ги презеде соодветните мерки и ситуацијата не се контролираше како што треба, а неефикасноста на власта чинеше човечки животи, дециден е лекарот.

Секако дека вакцината може да ја стави под контрола пандемијата. И во минатото човештвото се соочувала со тешки болести, но биле искоренети се баш благодарение на вакцинација. За вакцината за ковид 19 не убедуваа дека властите преговараат, направиле некаков договор за 500.000 дози, 800.000 дози па преку КОВАКС системот, па испадна дека КОВАКС системот не функционира и нема да добиеме вакцини од тамуи. Дури и претседателот на државата и министерот за здравство веле дека сме биле мал пазар и затоа сме биле игнорирани од големите фармацевски компании, истакна Чибишев.

Чибишев потсети и на ветувањата за вакцини од нашите пријателски држави од ЕУ како што се Грција, Полска, Австрија, но и дека и тоа пропадна.

Па Бугарија вети дека исто ќе отстапи од своите резерви за да ѝ даде вакцини на Македонија. Па потоа, многу пластично бугарскиот министер за здравство кажа дека тоа ќе го стори откако ќе го имунизираат нивното население. Но, ако се чека Бугарија да го имунизира своето население за да добиеме вакцини однив, значи ќе чекаме до следната година. Па потоа Србија вети дека ќе даде 8.000 дози, па српската премиерка излезе за да каже дека Македонија не може да ги добие вакцините бидејќи вакцината на компанијата „Фајзер“ не е регистрирана во нашата земја. И така Македонија се уште ја нема добиено првите дози на вакцини за против КОВИД-19. А што е потрагично и врв на неорганизираноста, неспособноста и несериозноста е дека немаме ниту план за вакцинација. И сега утрово читам по медиумите дека ние сме заинтересирани за кинеската вакцина, рече Чибишев.

Чибишев посочи дека ќе биде многу комплицирано ако се изврши операција попис без претходно колективна имунизација на населението. А, тоа ќе претставува крајно штетно и опасно по здравјето на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.