Лани на 1 октомври дури четворица шефови на наркокартели дошле во Скопје, се фотографирале во просториите на Министерството за внатрешни работи, оставиле отпечаток од прст, добиле нов идентитет и македонски пасош, објави МКД. Според податоците од обвинителниот акт, на 1 октомври 2020 година во Скопје македонски биометриски пасоши со украден идентитет добиле Бразилката Карине де Оливеира Кампос, Црногорецот Игор Вукотиќ, брат на лидерот на Шкаљарски клан, Србинот Ратко Живковиќ, припадник на кланот на Дарко Шариќ, и Албанецот Марку Герти, шеф на албанска криминална организација од картелот Компанија Бело. Сите четворица на тој 1 октомври биле фотографирани од сега осудената Наздрие Зековиќ, која ја призна вината, како и другите обвинети во случајот „Двојник“.

(илустрација МКД)

Албанецот Марку Герти (38) Е шефот на организацијата во албанскиот картел Компанија Бело, за кој обвинител во Италија проценува дека за три години заработил 210 милиони евра од продажба на кокаин по европските земји.

Во Италија браќата Герти и Едмонд Марку се обвинети за трговија со кокаин од Холандија во Италија, Германија и други европски држави.

Бразилката Карине Де Оливеира Кампос, пак од Македонија излезе како Виолета Цонкова, Македонка од Бугарија. Во Бразил Кампос ја бараат за серија транспорти на кокаин.

Целата анализа на МКД.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.