Четворица повредени во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, што се случи пред една недела, сè уште се во критична состојба. Двајца од нив се на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), а двајца се во Градската општа болница „8 Септември“.

Од ГОБ информираат дека пет пациенти се пуштени на домашно лекување, а осум се на Одделот за трауматологија.

Неколкумина повредени пациенти се сместени во другите оддели во Клиничкиот центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.