Четворица починати и нови 141 случај на заразени со Ковид-19 во Македонија во изминатото деноноќие, информираат од Министерството за здравство. Направени се 2006 тестирања, а најголем број од заболените 51 се од Скопје.

Следуваат, Куманово 19, Дебар 2, Штип 15, Прилеп 6, Тетово 6, Струга 16, Велес 2, Битола 4, Охрид 2, Кавадарци 1, Гостивар 2, Гевгелија 1, Радовиш 1, Пробиштип 2, Македонски Брод, Берово 1, Виница 2, Делчево 1, Свети Николе 2, Кичево 2, Неготино 1 заболен.

Починати се четири пациенти, два пациенти од Скопје (54г. и 55г.), пациентка од Кавадарци (69г.), и пациент од Свети Николе (70г.).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 93 оздравени пациенти од: Скопје 25, Штип 33, Прилеп 1, Тетово 10, Велес 2, Битола 7, Пробиштип 1, Демир Хисар 2, Македонски Брод 1, Кичево 11.

Досега во земјата се направени вкупно 125128 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12653, бројката на оздравени пациенти е 9123, на починати е 539, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2991.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.