Четиримесечно бебе е најмладата личност со коронавирус во Македонија. Ова го потврди министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција. Новороденчето заедно со мајката се примени на Инфективната клиника во Скопје во стабилна состојба.

Мајка и четирмесечно бебе примени на Инфективната клиника, со стабилна клиничка слика, се следат од страна на педијатар, со некоја лесна форма на вирусот. Бебето е во добра стабилна состојба, без потреба на респиратор, вели Филипче.

Станува збор за семејство од Кочани за кое допрва ќе биде објавено како се заразиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.