Случајот со издавањето на македонски пасоши со лажни идентитети на припадници на наркомафијата, во моментов е обвиткан со контроверзи кои создаваат забуна во јавноста. Според анализата на „Дојче веле“ постојат четири прашања кои заслужуваат одговор.

Прашањето поврзано со оваа афера е: дали ВМРО-ДПМНЕ „ја саботирала акцијата“ како што изјави вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, или како што смета опозицијата – надлежните немало да се разбудат од зимскиот сон ако тие не проговориле за детали од аферата „Мафија“, добиени од свиркачи.

Второ, кога почнала истрагата за овој случај? Според министерот Спасовски, истрагата започнала на 20-ти февруари 2019 година, што значи дека траела нешто повеќе од две години. Од друга страна, Наќе Чулев, која стана технички министер за внатрешни работи на трети јануари 2020 година, на Фејсбук објави дека министерот Оливер Спасовски имал „речиси цели четири години за да ја заврши истрагата“, со што имплицира дека таа била започната многу порано.

Трето, кој ја водел истрагата? Според извори на ДВ, случајот бил воден од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но наводно на 10-ти декември 2020 бил „отстапен“ на Основното јавно обвинителство-Скопје. Зошто?

Четврто, во кој период биле незаконски издадени 215 патни исправи?

Од МВР велат дека во интерс на истрагата која е од поширок обем (и во други земји) детали за сите прашања ќе објават наскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.