Четири лица од Охрид се во изолација со решенија од државен сантарен и здравствен инспекторат, но не се открива колкав е бројот на оние граѓани кои се во самоизолација. Градот презема оперативни мерки за справување со корона ворусот. Двата објекти ученичкиот дом Ванчо Питошески со 38 и студентскиот дом со 30 соби ќе бидат пренаменети за изолација и карантин за полесни случаи на заболени од ковид 19, а наскоро ќе се знае и која болница ќе се адаптира со сета потребна медицинска опрема и персонал за лекување на потешки случаеви.

Општина Охрид во соработка со Црвен Крст, издвои 300 000 илјади денари за помош на лица од социјално ранливи категории кои што ќе се во изолација, за основни прехранбени продукти и средства за хигиена, а дополнително се формираат и мобилни тимови за помош.

Координативното тело кое е формирано во градот ќе заседава секој ден за следење на ситуацијата и преземање соодветни мерки .Инаку во Охрид се врши дезинфекција на градинките,средните и осовните училишта ,се дезинфицира пазарот ,возилата на превозниците и улиците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.