Според последната статистика на Институтот за јавно здравје, во четири града во државата нема ниту еден позитивен граѓанин на корона вирусот.

Bез активни случаи на Ковид-19 се градовите: Пробиштип, Демир Капија, Пехчево и Дојран.

Под 10 активни случаи има во Кавадарци (8), Гевгелија (9), Неготино (8), Свети Николе (9), Ресен (9), Крива Паланка (3), Берово (2), Делчево (10), Дебар (1), Валандово (1), Богданци (2), Крушево (4), Демир Хисар (6), Кратово (9), Македонски Брод (1) и Македонска Каменица (3).

Вкупнниот број на активни заразени изнесува 999 случаи, од кои најголемиот број се во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.