Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска наместо шест, ќе треба да одлежи четири години затвор, пресече Апелација. Апелацискиот суд ја потврди пресудата за случајот „Тенк“, но ѝ ја намали казната на 4 години затвор. Според првостепаната пресуда таа беше осудена на шест години затвор.

Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет  КОКЖ-46/18, во јавноста познат како „Тенк“ , по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетата Г. Ј. од С., делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја  осуди на казна затвор во траење од 4 (четири) години.

Апелациониот суд Скопје во останатиот дел во целост ја потврди првостепената пресуда.

Одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите, информираат од Судот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.