Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од негово и од име на партијата, им го честиташе 24 Јуни, Меѓународниот ден на балканските Египќани.

Египќаните се составен дел од македонското општество со векови и се дел од нашата култура и традиција. Тие секогаш биле кохезивен фактор и се залагале за просперитетно општество.

Во овие турбулентни момент за Македонија, со изразито иселување, сиромаштија и криминал и корупција на сите полиња потребно е единство и желба за проспeритет. Иднината ќе биде сигурна само доколку имаме ефикасна правна држава се избориме за обнова и економски слободи за сите. Благостојбата на државата е од значење за сите, затоа да се обединиме и кон создавање подобра иднина, за сите и заедничка обнова, пишува Мицкоски.

Тој им го честита празникот со искрени желби за многу здравје, среќа и радости, просперитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.