Претседателот на Собранието на Република Македонија денеска до сите православни христијани упати честитка по повод утрешниот христијански празник Богојавление – Водици.

-Дозволете од свое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици и да Ви посакам празникот да го дочекате и поминете во добро здравје, мир, спокој, семејна благосостојба и топлина. Нека водата што е симбол на давање живот и повторно раѓање на надеж биде присутна со своето благотворно дејство и во нашите души, тела и мисли. Нека солидарноста, хуманоста, взаемната почит и разбирањето се шират и допрат во секоја пора од нашето општество за да бидат темелот врз кој ќе се гради еднакво, правично, напредно и пред се хумано општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува свој на своето и ќе се грижи подеднакво за личниот и колективен напредок и благосостојба, нашиша Џафери во честитката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.