Лидерот на ДУИ, Али Ахмети упати честитка до сите граѓани на државата што го прославуваат Божик по Грегоријанскиот календар.

Пораката на овој голем ден на раѓањето на надежта и вербата, на љубовта, мирот, оптимизмот, солидарноста и добрата волја е универзална, со која се идентификуваме секој од нас без разлика на верата и нацијата, наведува Ахмети ви честитката.

Тој натаму порачува дека овој празник доаѓа во период на голема надеж за посветла иднина.

Потполно верувам дека заедно ќе ги постигнеме колективните цели кои ги поставивме за да ја унапредиме благосостојбата на нашите граѓани и нашата земја. Здравје и радости за сите вас, порачува Ахмети во пораката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.