Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Јади Бурек кај Јанко“ на ТВ Сонце истакна дека пријателите на Македонија како Чешка, Словачка и Австрија навреме реагираа да не се разнебити македонската историја и им го спречија планот на премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, тоа да влезе во заклучоците на ЕУ за проширување.

Мицкоски посочи дека бидејќи Заев не успеа во Македонија поради критичната маса која се создаде, заедно со Борисов тргнаа на нов план историјата да влезе во заклучоците, за да има Заев оправдување пред граѓаните, односно, да рече дека ако сакаме ЕУ мора да се откажеме од историјата.

– Нашите пријатели од Чешка и Словачка го забележуваат тоа, а потоа им се приклучува и Австрија и викаат не може ова да влезе во заклучоците. Тоа се луѓето кои што повеќе од сопствениот премиер си ја сакаат Македонија. Треба да им честитаме, тие се луѓе дел од Вишеградската група во кој се уште Полска и Унгарија. Ништо не е случајно, така и овие држави не случајно застанаа. Инаку ако тргневме оттука преку исток до Брисел лошо ни се пишуваше, среќа овој народ има пријатели кои го ценат, но има луѓе од внатре кои се борат за овој народ кои се борат за неа, потенцираше Мицкоски.

Тој нагласи дека доколку се тој критериум за историјата влезеше во заклучоците од него назад нема, тоа тука завршува и за ЕУ е како Библија или Куран што е за верниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.