Донацијата што Чешката Република преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ ја обезбеди за Република Македонија, како поддршка во борбата против КОВИД-19, денеска ќе биде презентирана пред магацинот на Дирекцијата за заштита и спасување.
Како што е најавено, на презентацијата ќе присуствуваат вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, во својство на национален координатор за странска помош во земјава, амбасадорот на Чешка, Мирослав Томан и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.