По ослободителната пресуда за Драган Павловиќ – Латас и повлекувањето на кривичната пријава против Елизабета Канческа – Милевска, се чини дека дури и најтврдокорните поддржувачи на Шарената револуција загубија секаква надеж во паролата „че си лежите“.

Два дена по ред социјалните мрежи, особено шареното упориште Твитер, се полни со коментари од разочараните првоборци.

Викаа: Ќе има правда! Ќе си лежите! КЛОВНОВИ! СДСМ, на следните избори губите како магариња, порача шарениот активист од Лондон Виктор Стевич.

ЧЕсиЛЕЖИТЕ. Како не бе, додава Небојша Гелевски, графичкиот дизајнер на „револуцијата“ притоа нудејќи предлог ново знаме за Македонија на кое политичарите ги изневеруваат ветувањата на „граѓаните“.

„Ќе се откажам од државава во службен весник“, „порака до младите, евакуирајте се од Македонија, под итно!“, „секој ден нов пораз“, се другите коментари од анонимните и полуанонимните активисти на Шарената револуција.

Активистката Јована Тозија се закани дека ќе ги закачи патиките за протестирање на клин.

Не само шо никад у живот веќе нема да протестирам и да абам патики за џабе, него мислам дека и нема да гласам више, вели таа.

Друг коментатор на Твитер се шегува дека од денес фејсбук групата Шарена Револуција се преименува во Попарена Револуција. Трети, пак, ги нудат мајците СЈО на продажба со попуст, или прашуваат што да прават сега со тетоважите од Катица Јанева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.