Екс директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, на кој вчера му беше изречена казна затвор од 18 години, а кој два дена пред изрекувањето на драконската затворска казна беше приведен и ставен во притвор врз основа на фингирана службена белешка, испрати порака на својот Фејсбук профил

Тој напиша:

1.Нарачката на мафијата која владее со Република Македонија е реализирана:

-Монструозно обвинение – неосновано

-Драконска казна

Ги повикувам сите членови и симпатизери  на ВМРО ДПМНЕ како и добронамерните граѓани на Република Македонија кои не се политички определени да се обединат околу каузата на ВМРО ДПМНЕ и да се порази злосторничката организација која ги киднапира сите институции.

ПОДЕЛБИТЕ СЕ ВО КОРИСТ САМО НА МАФИЈАТА!

2.Вилата на Халкидики(ако ја најдете да постои), ја поклонувам на „истражувачките новинари“.

3.Најавувам тужба за фингираната службена белешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.