Часовите за октомври и ноември се снимени и веќе може да закачат на национлната платформа за учење од далечина, изјави денеска Петре Шилегов, градоначалник на Скопје, кој како претседател на Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС) се сретна со министерката за образование и наука Мила Царовска и градоначалниците.

Царовска и градоначалниците денеска разговараа за планот на Министерството за образование и наука (МОН) за како ќе се организираат општините за онлајн настава и за физичко присуство за старт на учебната година од 1 октомври.

До 10 септември, треба да го известиме Министерството за тоа колку школи ќе почнат со физичко присуство, а колку онлајн. Работиме на условите за непречена онлајн настава, а во овој момент се едуцираат наставнаците за работа на платформата. Часовите за октомври и ноември се снимени и веќе може да се закачат на платформата, рече Шилегов.

Царовска изјави дека ја видела тест-верзијата за националната платформа и смета дека треба да биде поедноставна. Таа кажа дека позадинскиот дел е завршен.

Кога ќе се направи тој интерфејс со сите подготовки ќе биде презентирана за што повеќе граѓани во државата добијат слика како тоа ќе изгледа, а со тоа и децата и родителите и наставниците ќе се изложат порано на таа платформа. Од тој момент, започнува и интензивната обука со главен тим кој ќе држи обуки за платформата за сите училишта. Секако дека нема да постигнеме да сите во ист момент имаат еднаков квалитет на знаење за платформата, но ако таа биде едноставна, верувам дека наставниците многу брзо ќе се приспособат на неа и ќе имаме добра настава во 2020/2021, рече Царовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.