Видете што не ни се случи за само една недела. Болниците ни се преполни, власта нè лаже за вакцините како да сме идиоти, како да сме недоветни, рече во неговата емисија „Седмица“ новинарот Коле Чашуле, кој се осврна на сè што се случи минатата недела.

Заев со камшик си ги собра пратениците и набрзина си изгласа доверба и си купи 2-3 месеци раат, па сега нуди широка влада. Си го започнаа насила пописот, кој уште од првиот ден покажува дека е фаличен и дека на крај ќе утврди со манипулација на бројките дека сме држава-збирштина од етнички заедници без автохон македонски народ. Во истовремено го расчеречија претседателот на МАНУ дека шири лажни вести за укинувањето на катедрите по македонски јазик, за на крај испадна дека човекот бил во право. Мислам дека сме единствената држава во светот каде еден аболициран премиер со помош на двајца поранешни корумпирани премиери од кои едниот е осуден преговараат во наше име за иднината на нашата македонска држава. Затоа ви кажувам дека сум гневен и бесен и се чувствувам беспомошен, затоа што сето ова го знаеме сите и ништо не се менува, кажа Чашуле во емисијата.

Во текот на емисијата тој посочи дека нема човек кој во државата не знае дека власта е неспособна, не и грижа за ништо и е подготвена да даде се само за задоволи туѓи интереси за да остане уште некое време на власт.

Нема човек во оваа држава кој не знае дека власта ни е неспособна да се справи со епидемијата, дека воопшто не и грижа за било што, што е македонско и е подготвена се да даде само за да задоволи нечии туѓи интереси и така да остане уште некое време на власт. Сите знаеме дека не лажат и не манипулираат, веќе не се ни трудат да го прикријат тоа. Нема ден, нема недела да не чуеме некоја лага изречена директно од устите на тие што ете мислат дека се родени да не водат, додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.