Од општините во кои доминира албанско население, а за кои ДИК има 100 процентно обработени податоци, Стево Пендаровски доби 60 000 гласа повеќе од Гордана Силјановска Давкова. Најголемо водство му донесоа Гостивар и Чаир – 12 672, односно 11 939 гласа. И Сарај му носи високи 7 629 гласа предност, како и Студеничани – 4073 и Боговиње 4397.  Сарај Гордана Силјановска 588 Стево Пендаровски 8.217 неважечки 256 – разлика 7629. Толку е и разликата помеѓу двајцата кандидати по обработени 86,40 отсто од гласовите – 59.785 гласа. Главно, 100 процентно се обработени општините каде доминира албанското население. Во останатите општини според досега обработените податоци водство има Гордана Силјановска Давкова.

Боговиње Гордана Силјановска 53 Стево Пендаровски 4450 неважечки 112 – разлика 4397

Арачиново Гордана Силјановска 84 Стево Пендаровски 2909 неважечки 107 – разлика 2802

Дебар Гордана Силјановска 793 Стево Пендаровски 4231 неважечки 234 – разлика 3438

Центар Жупа Гордана Силјановска 412 Стево Пендаровски 844 неважечки 14 – разлика 432

Студеничани Гордана Силјановска 359 Стево Пендаровски 4432 неважечки 79 – разлика 4073

Гостивар Гордана Силјановска 5262 Стево Пендаровски 13263 неважечки 591 – разлика 12 672

Чаир Гордана Силјановска 3564 Стево Пендаровски 15503 неважечки 933 – разлика 11 939

Од досега обработените податоци во Струга води Пендаровски со 6044, во Тетово со 6504, Кичево 2898 гласа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.