Ние сме против тоа приватни медиуми да се носат на настани на државна сметка, вели за Плусинфо, претседателот на Здружението на новинарите во Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски.

Откако во јавноста беше обелоденето дека на меѓувладината седница во Софија, сметката за пат и за сместување на 34 новинари, сниматели и фоторепортери ја платила Владата на Република Македонија, Чадиковски е дециден дека тоа не смее да се повтори.

– Ако ја следиме логиката на пазарот, тогаш медиумите сами решаваат што ќе следат, каде ќе патуваат нивните новинари и потоа самите ќе си платат за тоа – вели првиот човек на ЗНМ.

Што се однесува до патувањето во Рим каде премиерот Димитар Ковачевски чествуваше на гробот на Св. Кирил и Методиј, за што покана добија само одредени медиуми, Чадиковски вели дека тоа е очигледен пример на фаворизирање.

– Што се однесува до Рим, тука имаме случај на фаворизирање на медиуми. Сепак, ставот на ЗНМ е дека не смее да се носат новинари од приватни медиуми на државна сметка – додава тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.