ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за претседател поддржан од партијата, Гордана Силјановска Давкова, вчера го одржаа централниот митинг во Скопје пред Владата на Република Македонија каде одзивот беше масовен. Кандидатот пак поддржан од владината коалиција, Стево Пандаровски, својот централен митинг во Скопје го одржува денеска, пред ЕУ Инфо Центарот.

Двата собири се пренесуваат, „стримаат“ во живо на Јутуб, а бројот на прегледите на двете видеа е драстично разлничен. До сега видеото на ДПМНЕ го имаат погледната над 27 000 луѓе, додека она на кандидатот на СДСМ oколу 1 000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.