ЈП Охридски комуналец извршил дезинфекција на градинка и училиште во Охрид, објави на фејсбук охридскиот градоначалник Константин Георгиевски.
На фотографиите објавени на официјалната страница на градоначалникот се гледа дека дезинфекцијата е извршена додека во градинката има деца, што предизвика бура од реакции во јавноста дека децата се изложуваат на штетни хемикалии.

Сашо Донев, претседател на ОК од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид реагираше на објавените фотографии.

Дали бре вие имате грам памет?! Деца ви ги дишат хемикалиите кои се токсични! Никој не смее да има во просториите додека не испари хемикалијата и потоа отстрани со проветрување! Со кое право и по кои безбедносни протоколи прскате?! Тоа смее да го прават професионалци од Центарот за јавно здравје!
За ова заслужувате кривични пријави и ќе ги добиете!

Дали бре вие имате грам памет?! Деца ви ги дишат хемикалиите кои се токсични! Никој не смее да има во просториите…

Posted by Saso Donev on Friday, 12 March 2021

Сепак, од Центарот за јавно здравје смируваат. Здравјето на децата не е во опасност.

Се прска со препарати кои не се биолошки штетни, т.е. може и во близина на инкубатори. Во конкетниот случај нема пропуст, изјави за Република д-р Бесим Зеќири, директор на Центарот за јавно здравје Скопје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.