Зимскиот и скијачки центар Попова Шапка беше преполн со гости, кои беа дојдени за скијање, но и за планинарење, шетање или само за уживање на свеж и чист воздух.

Тоа, пак, предизвика речиси секој сантиметар од местото да биде зафатено со паркирани возила, а особено голем проблем се создаде попладнево кога најголем дел од посетителите тргнаа да си одат накај дома.

Тоа предизвика неверојатен хаос и колона од возила кои долго време стоеја заглавени кон излезот на патото што од Попова Шапка води надолу кон Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.