Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вечерва при своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ посочи дека тој не е виновен како градоначалник што Куманово прослави минатата година 500 години од постоење, но во 46 села вкупно 43 немаат вода во 21 век.

Куманово минатата година прослави пет века од своето постоење, има 46 села, а 43 замислете во 21 век нема вода. Тоа е континуирано неработење во делот на развојот на една општина. Ние имаме сериозен проблем во делот на имплементацијата на власта, ако влезеш во политиката како политичар и ќе си излезеш како политичар. Државата т.е. граѓаните тогаш ќе ти кажат дали си бил добар или не, времето тоа ќе го покаже, истакна Димитриевски.

Ретроспективата покажува дека сите градоначалници во Куманово биле од редовите на СДСМ, а Димитриевски индиректно призна колку се способни неговите сопартијци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.