Државната администрација во полн состав се враќа на работа од 1 февруари, велат од владата за „Сакам да кажам“.

Со оглед на тоа дека бројот на заразени е намален, од први февруари се планира да се врати принципот на работа и работниот процес на државна и јавна администрација во полн состав со полно работно време во работните места. За конечна одлука ќе биде земена предвид препораката на Комисијата за заразни болести којашто ја следи епидемиолошката состојба во однос на коронавирусот во државата, одговараат од Владата.

Поради зголемениот број на случаи, од 20 октомври административците работеа од дома, одеа на работа во ротации или во смени по 4 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.