Денеска на Балканот има пријавено 45 лица заразени со коронавирус, а само во Македонија се регистрирани нови 89 пациенти болни од ковид-19.

За споредба, Словенија и Црна Гора прогласија крај на епидемијата, Хрватска нема нов случај на зараза, Грција само еден, БиХ 14, а и во останатите соседни држави бројката е далеку помала (Србија – 18, Бугарија – шест, Албанија – шест).

Уште седум лица починаа од ковид-19, што е рекордна дневна бројка од почетокот на кризата: две од Скопје на возраст од 80 и 83 години, две од Куманово (66 и 73 години), две од Тетово (54 и 65 години) и 44-годишен стружанец.

Вкупната бројка починати сега се искачи на 140.

Во Македонија досега има 2.315 заразени, од што 606 се активни случаи, а оздравеле 1.569 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.