Состојбата во училиштата е стабилна и засега не се размислува за нови мерки во училиштата, изјави денеска Мила Царовска, министерката за образование и наука (МОН) одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има нови мерки за оние кои одат на настава со физичко присуство.

Последниот период расте бројот на новозаболени со ковид-19, а Владата денеска на седница треба да решава по предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час од 22 до 5 наутро.

Сите протколи се спроведуваат. Немаме интерно ширење на болеста, така што е стабилно. Според последниот извештај, 35 ученици и околу 60 наставници се заболени, што е многу помалку од крајот на првото полугодие, рече Царовска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.