Според министерката за образование, Мила Царовска, реформите што треба да се спроведат не се избрзани, туку дури и задоцнети.

-Ако сме го направеле пред 10 години немаше денеска да бидеме ниско на меѓународните тестирања кои покажуваат не дека нашите деца не можат да научат, туку оти системот на кој ние ги учиме не е соодветен, затоа што меѓународните тестирања бараат поврзување на знаењата од различни научни дисциплини и доаѓање до одреден заклучок. Нашите ученици, жално, но, вистинито, не се подготвени за ваков тип на соочување со предизвиците што ги носи новото време. Концепцијата ќе почне да се спроведува и очекуваме да даде резултати по пет шест години. Паралелно ќе се инвестира во сите три компоненти и инфраструктура, наставни програми и материјали и наставници, рече Царовска.

Според неа, во насока на зголемување на интегритетот на просветните работници е и новиот предложен закон за наставници, согласно кој, како што рече, ќе се вработуваат веднаш на неопределено време и ќе можат да напредуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.